ОЧЕКУВАЊЕ ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ – СПАС ИЛИ КОЛАПС

0
649

Иако се потрошени огромни финансиски средства за фер и демократски процеси за Локалните Избори за градоначалници, масовно се употребија сите возможни подмолни трикови од постоењето на демократските избори на глобално ниво.

Во голем број на случаи од кандидати кои победија, лежерно си беа во своите пижами, затоа што сите маркетиншки (легални и нелегални) активности за нив ги завршија огромните партиски машинерии, кои преку нивните претставници во наредните неколку години таа услуга дебело ќе си ја наплатат.

Иљадници млади луѓе во овие избори гледаат мала искра на надеж за распакување на своите веќе подготвени куфери, со намера пролетва да одлетаат што подалеку од ова проклетие, затоа што веќе им е преку глава слушајќи ги лагите како од едните, другите па дури и од последните!

Доста беше брусење и рамнење на шахти, површно асфалтирање на улици, градење на базени, поправање на семафори, садење на тревници, цветни градини итн.

Неопходна е итна акција за донесување на свеж капитал во индустријата со потреба за отворање на огромен број на нови работни места – се друго е само празен маркетиншки изборен шаблон и продавање на празна магла!!!

Фејсбук статус на Зоран Митрески.