СЛОВЕНИЈА КАКО СЛЕДЕН ПРЕТСЕДАВАЧ СО СОВЕТОТ НА ЕУ МОРА ДА ЈА ЗАБРЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈАТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ПАХОР: ОВА Е ПОЛИТИЧКО И МОРАЛНО ПРАШАЊЕ ЗА ЕУ

0
155
Slovenija, Ljubljana, 14.02.2013. Borut Pahor, predsednik Republike Slovenije, med izjavo za javnost po sestanku s predsedniki parlamentarnih strank. Foto: Uroš Hočevar/Delo

Словенечкиот претседател Борут Пахор нагласи дека една од првите задачи при претседавањето на Словенија со ЕУ ќе биде деблокирањето на почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија.

“Мислам дека треба да најдеме начин за Бугарија да и ‘даде зелено светло на Македонија. Тоа сега е и морално прашање за Европа, а не само политичко” – изјави Пахор.

“Свесен сум дека нема да биде лесно. Освен тоа се чини дека има уште повеќе можности и за Албанија да добие зелено светло” – рече Пахор.