Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција рече дека не се работи за заеднички кандидат Албанец за градоначалник на Скопје.
“Не се работи за тоа, се работи за нешто кое што претставува модернизација на нашиот коалиционен партнер” – рече Заев.
Албанските медиуми претходно пишуваа дека поранешниот министер за здравство и бизнисмен од Сарај, Имер Селмани би можел да биде заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за градоначалник на Скопје.
Селмани, според информациите со кои располагаат некои медиуми, бил најприфатлив за сите партии од власта.