СДСМ: Фрлени лопати се проектите на Груевски

0
1234

„Големите капитални инвестиции на Никола Груевски и неговото „дил ориентед“ друштво се сведоа само на камен темелник во најава за базен и фекалната канализација во Охрид.

Добро е што во 21-иот век, после цели 10 години, граѓаните на Охрид ќе добијат фекална канализација.

Груевски ги излажа граѓаните за милјардите коишто ги ветуваше како странски инвестиции. Груевски ветуваше многу странски инвестции коишто никогаш не се реализираа.

Над 307 милиони евра од ветените странски инвестиции на Груевски не се реализираа никогаш.

Само фрлените лопати и пресечените црвени ленти останаа како најуспешни на проекти на Груевски.

Каде е индиската Мадерсон Груп, најавена инвестиција од 12 милиони евра, за којашто се удри камен темелник во 2011?

Каде е француската Монтипе за производство на автоделови, вредна 150 милиони евра?

Каде е израелската Газит Глоуб којашто требаше да инвестира над 300 милиони евра во трговски центри и други објекти?

Уште еден камен темелник е поставен за Хаиер и Тривју во 2009 година. Шест години поминаа, кинеска инвестиција за производство на монитори сеуште нема.

Меѓу нереализираните инвестиции се и онаа на Еуро Италија од 10 милиони евра, на Искра Словенија, турската Шишеџам од 45 милиони евра, турската Биротекник Отомотив од 20 милиони евра, инвестиција на Орланди Италија и Грудхост од Данска кој на крај се одлучи да инвестира во соседна Србија.

Дали и најавата за инвестиција на Мусала софт ќе ја доживее истата судбина како и другите ветени, а нерелизирани инвестиции од страна на Никола Груевски?

Дури и Народна банка ги демантираше наводните инвестиции на Груевски.

Странските инвестиции во Македонија се на рекордно најниско ниво во цела Европа, дури и зад Косово.

Како резултат на промашените „дил ориентед политики“ се иселија 623.312 граѓани во потрага по достоинствен живот.

Најпромашената домашна инвестиција на граѓаните на Р.Македонија се токму Груевски и неговите,,дил ориентед“ соработници.

Во април Македонија ќе се збогува со промашените „дил ориентед“ политики на Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.