ДРЖАВНИОТ ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ МУ ЗАБРАНИ НА ЕВРОТИМ ДА ДОСТАВУВА МАЗУТ ЗА ПРОДАЖБА

0
697

“Државниот пазарен инспекторат ги доби резултатите од земените дополнителни  мостри од складот за мазут во Ресен во сопственост на компанијата Евротим ГДС ДООЕЛ Кичево. Според анализите, констатирано е дека параметрите вода и седименти и содржина на пепел, се повисоки од граничните вредности пропишани со стандардот МКС Б.Х2.430. Поради констатираните отстапувања на квалитетот на производот, од страна на ДПИ е донесено решение за забрана за промет на производот мазут кој е затекнат во складот на економскиот оператор ЕВРОТИМ ДООЕЛ Кичево” – соопштија од Кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николоввски.

ДПИ при првичните контроли на компанијата “Евротим ДООЕЛ Кичево” и’ изрече решение за времена забрана за пуштање во промет на мазут, затоа што тогаш кај две цистерни на компанијата, беа утврдени отстапки од граничните вредности на мазутот, што оваа компанија го увезува. По задолжение од ДПИ, двете цистерни од кои се земаа мострите, беа вратени кај добавувачот.