ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГЛАСА ВОЗДРЖАНО ЗА АМАНДМАНОТ СО ГЕОГРАФСКАТА ПРИДАВКА ВО РЕЗОЛУЦИЈАТА, ЗАЕВ: САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА И РЕЗОЛУЦИЈАТА МОРА ДА БИДЕ УСОГЛАСЕНА СО УСТАВОТ

0
832

Премиерот Зоран Заев најави дека со еден амандман ќе се интервенира во Предлог-резолуцијата за националните позиции во спорот со Бугарија со цел да стои новото уставно име Република Северна Македонија и за тоа владеачкото мнозинство ќе обезбеди гласови. ВМРО-ДПМНЕ ќе се воздржи од гласање за амандманот затоа што тие ја прифаќаат реалноста но официјално не го признаваат Преспанскиот договор. Најважно е резолуцијата да биде донесена со консензус.

“ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа реалноста, но стои се’ уште на своите позиции за неприфаќање и непризнавање на Преспанскиот договор, иако гледате дека одговорноста е присутна кај сите, така и кај ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што е добро за граѓаните не може да го негирате, треба да го поддржите. Ние имаме општи одредби во резолуцијата кои што без било каква промена на точка или запирка ги поддржуваме, но истовремено Уставот е реалност и затоа парламентарното мнозинство интервенира со амандман и тоа самото ќе обезбеди гласови” – рече премиерот Заев.

Заев ги повика пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива да го поддржат амандманот затоа што беа и за промена на Уставот и за Преспанскиот договор поради ЕУ и НАТО интеграциите.

Исклучително значајно е што парламентарното мнозинство ќе поднесе амандман со кој ќе се вгради уставното име со цел резолуцијата да биде и правно на сила.