Слободан Богоевски: Од украдените 5 милијарди евра, кога ќе ги вратиме, секое семејство ќе добие по околу 13.500 евра

0
947

Според нашите пресметки секое семејство во просек треба да добие по околу 13.500 евра, онолку колку што украла ненародната власт, изјави Слободан Богоески од Коалицијата за промени и правда.

Носителот на листата во ИЕ4 Слободан Богоески на Коалицијата за промени и правда, заедно со дел од кандидатите за пратеници, денеска беа во посета и средби со граѓаните во Неготино и населените места околу Неготино (Тимјаник, Пепелиште).

За разлика од изборната кампања на владејачката партија, КПП тежиштето го става на непосредни средби со граѓаните, бидејќи нејзиното мото е: ние бараме поддршка за народни пратеници, а не бараме поддршка за поданици на партијата, велат од коалицијата.

Богоески истакна дека проблемите со кои се соочуваат граѓаните извираат од отуѓената и криминализирана власт.

„Повеќе од 25 години во Македонија се збогатува и јакне државата на сметка на осиромашувањето на нејзините граѓани.  По избороте најважно ќе биде да се стабилизира државата и да се направи рационална државна власт (намалување на министерствата во владата на 50%, укинување на непродуктивните агенции, управи и тела кои непотребно трошат пари, а само му го отежнуваат животот на обичниот човек). По изборите ќе почне постапка за кривична одговорност за сите носители на криминалот во Македонија, кои во изминатите 10 години украдоа и изнесоа од Македонија над 5 милијарди евра. Сите пари кои ќе бидат вратени во Македонија нема да бидат приход на буџетот, туку непосредно ќе им се враќаат на граѓаните и нивните семејства, за што ќе биде донесен посебен закон“, рече Богоески.