СЕКОЈА ИНСТИТУЦИЈА ТРЕБА ДА СЕ БОРИ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ВО РАМКИ НА ИНГЕРЕНЦИИТЕ ШТО ГИ ИМА ПО ЗАКОН, ЗАЕВ: ВО ИЗВЕШТАЈОТ ОД СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ПРВО СЕ НАГЛАСЕНИ ПОЗИТИВНИТЕ ПРОМЕНИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА А ПОТОА И ОДРЕДЕНИ СЛАБОСТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ РЕШАВАМЕ ЗАЕДНИЧКИ

0
884

По извештајот од Стејт департментот за инвестициска клима за 2021, во којшто се нотира дека корупцијата е постојан проблем за водење бизнис во земјава, премиерот Заев категорично даде изјава дека во највисокиот ешалон на власта, па и во вториот ешалон нема значајна корупција.

Никаде во највисокиот ешалон, па дури и во вториот ешалон не е препознаена корупција. Значи, таа не е пронајдена кај министрите, кај директорите, пронајдена е по анализата системски, тоа значи во делот на административното функционирање на јавните институции. И затоа поставивме потпретседател на Влада меѓудругото задолжен за борба против криминалот и корупцијата и 9-10 месеци се работи на таа тема со ваков фокус. Институциите што постојат и досега, како независните институции – ДКСК, Државен завод за ревизија, Јавното обвинителство, правосудството може да бидат само помогнати од овој ресор затоа што дефинитивно ние сме телото, односно јавниот сектор е телото каде што независните институции го прават мониторингот за борбата против криминалот и корупцијата” – рече премиерот Заев.

За извештајот од Стејт департментот, премиерот изјави дека треба да ни биде ветер во грб за да можеме да ја отстраниме корупцијата како девијантна појава што ја има насекаде во светот, и во Западен Балкан и во Северна Македонија.

Секој пат извештаите на стратешките партнери дали е тоа ЕУ или е Стејт департментот се важни, валидни и треба да посветиме секојпат внимание. Во самите анализи кога ќе го видите самиот извештај на Стејт департментот прво зборува за огромни придобивки и позитивни промени што се имаат случено во Северна Македонија, но јасно ги лоцираат и своите слабости. Нам ни е јасно од страна на Владата по сите анализи заедно со Транспаренси интернешенл, со Стејт департментот, со Европската делегација овде и со многу други граѓански организации го утврдивме нивото на корупција што се случува на трето ниво. Таму каде што граѓаните шалтерски допираат имотен лист, одобрение за градба, решенија, согласност или слично и ќе го промениме. Посебно дури и Стејт департментот ја поздравува и дигитализацијата каде што буквално субјективниот фактор на одлучување на административно ниво ќе се замени со компјутер, со што дефинитивно ќе може да се бајпасира тој субјективен фактор на административниот работник кој е точка на корупција помеѓу граѓаните и јавната администрација и верувам дека ќе имаме сериозни успеси во периодот што престои пред нас за да можеме да учиме од ваквите извештаи и да се подобруваме” – рече Заев.

Иако перцепцијата на јавноста е дека ДКСК е оставена сама на себе да се бори против корупцијата, Заев рече дека таа комисија е независна институција, и како и ДЗР, и тие немаат врска со извршната власт и како регулаторни тела, но и како другата власт – судството и обвинителството, си ја работат работа во својот домен.