МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ ПОДДРЖИ ИТНИ РЕКОНСТРУКЦИИ И РЕНОВИРАЊА НА 36 ОСНОВНИ И 13 СРЕДНИ УЧИЛИШТА НИЗ ЦЕЛА ДРЖАВА

0
923

На 36 основни и 13 средни училишта од повеќе општини им се одобрени барањата по јавниот повик за финансирање проекти за реновирање училишни објекти од буџетот од Министерството за образование и наука. На рангирањето на општински основни училишта, со најмногу бодови е прифатена апликацијата за реконструкција на Подрачното основно училиште во село Радибуш во општина Ранковце, а меѓу 13-те средни училишта, со најмногу бодови е прифатено барањето за реконструкција и адаптација на СОУ “Ристе Ристевски-Ричко” – Прилеп.

Со пари од МОН ќе се финансиираат различни реконструктивни зафати во училишта во населени места кои припаѓаат на општините: Крушево, Куманово, Новаци,  Валандово, Свети Николе, Маврово и Ростуше, Кавадарци, Сарај, Берово, Радовиш, Гевгелија, во основни училишта во општините Ресен, Кавадарци, Битола, Македонска Каменица, Илинден, Кочани, Делчево, Прилеп, Куманово, Гостивар и во скопските општини Кисела Вода, Ѓорче Петров, Бутел и Аеродром.

Покрај СОУ “Ристе Ристески-Ричко” – Прилеп на листата со прифатена апликација за реконструкција е и прилепското средно училиште “Ѓорче Петров”, по две средни училишта на имаат и Битола (СОУ “Таки Даскало” и “Д-р Јован Калаузи”) и Велес (“Димитрија Чуповски/Кочо Рацин” и “Коле Неделковски”).

Одобрени се и барањата за реконструкции на средни училишта во Кавадарци, Гостивар, Куманово, Свети Николе, Кичево, Делчево и Скопје (гимназијата “Орце Николов”).