ВМРО-ДПМНЕ Е ПРЕД ПОЛИТИЧКО ИЗУМИРАЊЕ БИДЕЈЌИ ВРЕМЕТО ЈА ПРЕГАЗИ ТАА НАЗАДНА ИДЕОЛОГИЈА, ТРИЧКОВСКИ СО ИРОНИЧНА ПОРАКА: МИЦКОСКИ ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ЛОПАТИТЕ ЗА ПОТКОПУВАЊЕ НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

0
1651

Ако уште еднаш се состане со амбасадорката Брнс, Мицко ќе почне да нуди и евтини билети за лет во вселената. И Северна да стане официјално скратено име на државата. Не, не, не велам јас дека Брнс му сугерирала да почне да продава криптовалути како акт на државната политика што ќе се види под неговото водство во новиот милениум, таа само му рекла дека мора под итно да се ослободи од лопатите со кои го поткопува Преспанскиот договор, а тој веднаш отишол кај другарот “Аденауер” кој му рекол дека Македонија може да се поткопува и со криптовалути, така што од државата ќе се направи мало кинеско или руско село за копање на биткоини и други гралови на стрвта. Вмро само ќе мора да обезбеди енергија еднаква на вкупните потрошувачки во Бугарија, Романија и Грција. За да се нахранат серверите што ќе ги инсталира Здружениот злосторнички потфат.

Супер, рекол Мицика, ние и онака ветивме дека ќе му обезбедиме евтина струја на народот.

И трговијата ќе биде лесна во одлепениот свет на Мицкоски, затоа што на Македонецот со плата од 500 или 750 евра ќе му требаат седум-осум години за да купи еден биткоин по сегашните цени, односно милион години по цените што реално ќе растат и тоа под услов цело време да не јаде, не пие и не е** ништо.

Криптовалути за општа кретенизација на нацијата, за себерентирање на некои руски и кинески копачи и копачки на меѓународниот криминал, на полевање на надежта дека може да се живее без работа, само со досетки, на страстно комарџиство, празнење на сите енергетски ресурси и општо загадување и згадување.

Само тешко заглупавени политичари и симпатизери можат вака елегантно да се справат со неподносливата леснотија на постоењето. Прво, преку лефтерноста на темата за криптовалутите и второ, преку лефтерноста на исчезнатите капитали: што е со националните интереси, со името, ќе го поништуваме ли Договорот од Преспа, за кој к** беше нашата досегашна бесмислена борба, сите тие бојкоти и пучеви, без бесмислата на горните теми, како може една партија да се вика ВМРО-ДПМНЕ, а да се занимава со криптовалути, кој ќе се занимава со македонштината, со химната, со знамето со славните јунаци, ќе го оставиме ли Заев да нè распродава како Македонци, дали ја менуваме агрегатната состојба на нацијата од Гоцевци, во Биткоини, што е со резолуцијата за црвените линии кон Бугарија.

Нема да се изненадам ако илинденскиот коњ на Рашела го облечат како крстоносен парадер во црвена наметка на која ќе пишува “Да живее Република Северна Македонија, смрт или слобода за Северна”.

Колку само пати сум им сугерирал да се откачат од епската политика на ослободители, односно од политиката која сите други ги третира како предавници и да преминат на политиката на малите разлики во рамките на ист систем.

Во таа смисла ВМРО-ДПМНЕ има два проблема.

Прво, таа нема слух, нема резон, нема инстинкт, нема знаење нема рефлекс за што било друго освен за Македонија како таква и никаква. Обидите да излезе од тој формат се трапави, како првите чекори на едно бебе.

Второ, успехот во таа трансформација закономерно ќе го означи крајот на ВМРО. Како идеологија, тема, организација, култура. Никој не може да биде нормален и вморон истовремено. Нивниот избор е меѓу себе и нормалноста. Вмро бира како ќе умре.

-ИЗВАДОК ОД КОЛУМНАТА НА НОВИНАРОТ БРАНКО ТРИЧКОВСКИ