НИ ТРЕБА АЛБАНСКО СЦЕНАРИО СО ДЛАБОК ВЕТИНГ ВО СУДСТВОТО: ЗА 5 ГОДИНИ ОД ПРАВОСУДНИТЕ РЕФОРМИ ВО АЛБАНИЈА, РАЗРЕШЕНИ 155 СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ И 56 СИ ПОДНЕЛЕ ОСТАВКА ПОРАДИ НЕМОЖНОСТ ДА ДОКАЖАТ ПОТЕКЛО НА ИМОТ

0
961

По 5 години од почетокот на правосудните реформи во Албанија, посебната комисија за квалификација го презентираше бројот на судии и обвинители кои не поминале успешен ветинг преку проверка на потеклото на имот во изминатите години.

“Во изминатите 5 години поради неможност да го оправдаат потеклото на имотот што го поседуваат и интегритетот на личноста, разрешени се 155 судии и обвинители. Во исто време, 56 сами си поднесоа оставка” – информирше комисијата. 

Донесени се 174 решенија за потврда на функцијата, 8 одлуки за прекинување на процесот, 25 решенија за завршување на процесот без конечна одлука и 3 решенија за суспензија од должноста за период од 1 година.  

Разрешени се и 5 судии во Уставниот суд, меѓу нив и претседателот, но и неколку судии од Врховниот суд. Двата судови немаа доволно кадар по масовните чистки и не работеа повеќе од 2,5 години.