ДИМИТРОВ ВО ЉУБЉАНА: БЕЗ ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ЌЕ СЕ ИЗГУБИ КРЕДИБИЛИТЕТОТ НА ЕУ

0
714

“Ако нема придвижување во пристапниот процес ќе биде многу тешко за Европската Унија да го зачува кредибилитетот во регионот на Западен Балкан после толку многу одложувања” – изјави денеска во Љубљана вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на заедничката прес-конференција со шефот на словенечката дипломатија Анже Логар.

Димитров потсети дека оваа година земјава одбележува две децении од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ во 2001 и дека 16 години сме земја со статус кандидат за членство.

“Го решивме проблемот со Грција, чекавме на новата методологија за да се зајакне довербата во пристапниот процес и пред нас сега е овој, се надевам последен предизвик со нашите комшии од соседна Софија” – рече Димитров.