БУЈАР ОСМАНИ: ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА МОМЕНТАЛНО СЕ НА НАЈНИСКО НИВО ПОРАДИ ИЗБОРИТЕ КАЈ НИВ

0
1231

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска оцени дека неколкуте претходни протестни ноти од Бугарија до земјава и повикувањето на  македонскиот в.д. амбасадор во Софија на разговор, ги симнале односите меѓу двете земји на најниско ниво. 

“Можам да констатирам дека се можеби на најниската точка во последниот период, но јас мислам дека постои потенцијал за враќање на довербата помеѓу држави, на враќање на нормалната комуникација, на враќање на меѓусебната соработка, само треба да се рационализира таа дебата и тој пристап. Изборите не помагаат обично во рационализација на таа дебата и не само во Бугарија. Така беше и кога ние имавме избори.”