ДЕМАГОГИЈА НА АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ: СО 100 ИЛЈАДИ ПОТПИСИ ЗА 7 ДЕНА ГО ПРИНУДИВМЕ ЗАЕВ ДА ГО ОДЛОЖИ ПОПИСОТ

0
1269

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски гостуваше во емисијата “Заспиј ако можеш” на тв Алфа за да ги искритикува владините потези во повеќе ресори.

Во текот на целата емисија покажуваше изнасилени знаци на триумфализам со паушалната теза дека наишле на огромна поддршка кај народот со цел да се одложи пописот поради пандемијата. Спомна дека за само 7 дена и по 3-4 часа активно собирање потписи секој ден, успеале да соберат 100 илјади потписи и да не го загрозат јавното здравје и така го принудиле Заев на договор при лидерската средба на Мицкоски со него.

Во контекст на здравствената криза ги искритикува и премиерот Заев и министерот за здравство Филипче дека биле непособни за да им излезат во пресрет на граѓаните. За споредба како позитивен пример ја истакна Србија која што им укажала помош на нашите граѓани иако порано таа беше бомбардирана од НАТО и наводно нејзини официјални лица доаѓале во Македонија во екот на груевизмот за да учеле како се носат странски инвестиции и како се реализираат инфраструктурни проекти.

Како врв на хипокризија рече дека секој еден политичар треба чесен и со интегритет да влезе но и да излезе од политика. Го клеветеше премиерот Заев дека влегол како аболициран криминалец во политиката и исто така без образ ќе го принудат да си замине откако ќе го победат на локалните избори наесен.