ГРАД СКОПЈЕ: ТВ СИТЕЛ ЛАЖЕ ДЕКА СМЕ ПЛАНИРАМЕ ДА АНГАЖИРАМЕ ПОЖАРНИКАРИ ДА ГИ ЧУВААТ СКОПСКИТЕ УЧИЛИШТА

0
553

Почитувани, Жалиме што професионална редакција, за каква што сметаме дека е редакцијата на ТВ Сител, се занимава со шпекулации, непотврдени информации и невистини.

Од градот Скопје во ниту еден момент не се размислувало за ангажирање на пожарникари во функција на обезбедување на објектите на средните училишта на територија на град Скопје.

Жалиме што мораме вака да реагираме, но, бараме овој демант на целосно лажната вест да биде објавен во целост. За безбедноста и сигурноста во средните училишта во овој момент надлежна е МВР. ДЕМАНТ 05.11.2022