КОСТАДИНОВ : СИТЕ СЕ ЗА ЕУ И НАТО, САМО МИЦКО И ЈАНКО БАЧЕВ ЗА РУСИЈА И ПУТИН

0
1145

Изјава за медиуми,
Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата
Скопје, 30.07.2018

Почитувани граѓани, почитувани новинари

Вие, граѓаните ќе имате директна можност да одлучувате за сопствената иднина. На 30 септевмри Македонија на референдум ќе одлучи за постигнатиот договор со Грција, ќе одлучи за членството во ЕУ и НАТО.

Граѓаните се носители на суверенитетот, граѓаните одлучуваат на избори и на референдум. Референдумот е вистинска и непосредна демократија, а волјата изразена на него мора да биде и ќе биде обврзувачка за сите. Гласот на граѓаните е клучен за македонската иднина.

Денешниот ден уште еднаш покажа дека сите ние заедно сме обединети за влез на Македонија во ЕУ и НАТО, а само Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се против. Сите ние сме обединети за Македонија која оди напред, а само Мицкоски е за враќање назад. Сите ние сме ЗА македонската иднина, а Мицкоски и тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се против.

Колку и да се обидува, ВМРО-ДПМНЕ нема да ја закочи македонската иднина. Граѓаните слободно, без притисоци и достоинствено ќе дадат поддршка за влез на Македонија во ЕУ и НАТО, преку прифаќање на Договорот со Грција.

Граѓаните на референдум ќе кажат ДА за македонската иднина.