КО АПАСИЕВ ДА ИМ ДЕЛЕЛ ПРАВНИ СОВЕТИ: ВМРОВСКАТА ИНИЦИЈАТИВА ПРОТИВ ЗАКОНОТ ЗА УЧЕБНИЦИ ПРОПАДНА ПОРАДИ ПРАВНА НЕВАЛИДНОСТ

0
829

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска на седница заклучи дека иницијативата  за распишување  референдум за одлучување на државно ниво доставена преку граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ е неуредна зашто не е поднесена во форма предвидена во членовите 66 и 70 од Законот за референдум. Заклучокот ќе му биде доставен на претседателот на Собранието, а иницијаторите може повторно да поднесат барање во законодавниот дом.

“Потписите не се собрани пред овластена институција – подрачните единици на Министерството за правда, каде што во работно време треба да се потпишат и треба печат од институцијата. Тоа е процедурата – на таков начин треба да се соберат 100 потписи. Кога ќе биде уредна иницијативата, треба да ја поднесат во Собрание и во рок од два дена Комисијата за политички систем и Законодавно-правната комисија треба да донесат одлука за уредноста. Доколку е уредно поднесена, постапката продолжува понатаму – двете комисии упатуваат извештај до претседателот на Собранието” – изјави  пратеничката Соња Мираковска,  претседателка на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Појасни дека иницијативата потоа треба да се потврди со 10 000 потписи по што надлежните органи треба да распишат референдум на државно ниво.