ДЕСТРУКТИВНАТА ВМРО-ДПМНЕ НЕ ЗНАЕ КАЈ ТЕРА, МИЦКОСКИ: ЌЕ ОСВОИМЕ ПОВЕЌЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ОТКОЛКУ СДСМ

0
1051

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше гостин во интервју на Канал 5, кај новинарот Гоце Михајлоски.
Мицкоски се обидуваше да влее оптимизам кај своето членство дека ВМРО-ДПМНЕ е пред праг на голема победа на локалните избори наесен. Како проблеми на СДСМ ги наведе преувеличените скандали со приведувањето на екс генералниот секретар на Владата, Рашкоски, разоткривањето на издавањето на пасоши на крупни криминалци како и апсењето на наводно блиски лица на Заев за транзит на дрога во акцијата на МВР и ДЕА.
Мицкоски тврдеше дека иако постигнал договор со Заев за деблокада на Собранието, сепак СДСМ отстапил од договореното. Затоа неговите пратеници не сакале да прават кворум и поради неколку пратеници во домашна изолација, граѓаните треба да ги трпат последиците со неизгласување на петтиот пакет економски мерки и другите реформски закони. За спикерот на Собранието, Џафери, рече дека намерно закажувал други седници а не 36-тата за мерките поврзани со корона кризата и на таков начин ја злоупотребувал функцијата. Потоа лажно прикажа револт поради тоа што Џафери уживал во бенефициите од функцијата, а не ги извршувал обврските одговорно и не креирал позитивна атмосфера за нормална работа со координаторите на пратеничките групи.