Заев на средба со невладините: Подготвеност за мобилизација на демократската јавност

0
1407

„Дадена е целосна поддршка за цврсто опстојување на заеднички зацртаниот пат за враќање на слободата и демократијата, демократските институции и нормализација на Република Македонија.

aaa-639x3201-540x270

Едногласно е констатирано дека договорот од 2-ри јуни е прекршен од страна на Никола Груевски, поради што ќе се интензивираат формите и механизмите за реализација на активностите за смена на режимот и враќање на демократијата во Македонија.

На средбата со претставниците на невладиниот и граѓанскиот сектор беа разменети мислења за начините за постигнување на оваа неопходна цел за граѓаните на Република Македонија.

Партнерите од коалицијата Граѓаните за Македонија се подготвени на меѓусебна координација за мобилизација на демократската јавност во земјава.

Следните избори мора да бидат фер и демократски на коишто граѓаните слободно ќе ја изразат својата волја. Никола Груевски ја узурпираше позицијата премиер и нема право да организира избори. Коалицијата Граѓаните за Македонија тоа нема да го дозволи, заклучено е на денешната заедничка средба“, соопшти СДСМ.