НИКОЛЧЕ МИСКОСКИ : ДЕНЕС ГО ПОСЕТИВ ПАЗАРОТ ВО КРИВОГАШТАНИ, ЌЕ СЕ ЗАЛОЖАМ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ОВОЈ ПРОСТОР ЗА ПАЗАРЏИИТЕ И ЖИТЕЛИТЕ

0
1213
Денес го посетив пазарот во Кривогаштани, место каде се сретнав со дел од жителите кои долги години наназад ја негуваат оваа традиција. Впрочем, ова е најголем и најфреквентен пазар во општината и пошироко.

Ќе се заложам за уредување на овој простор што ќе овозможи подобри услови и за пазарџиите и за жителите.

Им дадов чесен збор дека како градоначалник ќе залагам за проширување на капацитетите на пазарот, достоинствени услови и реновирање, како и непречено одвивање на трговската дејност на сите заинтересирани субјекти кои и досега го користеа овој пазар.

Мојот став е дека помеѓу градоначалникот и жителите на општината не треба да има посредници или бариери.

Само директната, редовна и двострана комуникација може да создаде систем за брза реакција на проблемите во општината, за правилно долгорочно планирање и општина да се развива во правец кои вие како жители на општина Кривогаштани го бирате на овие избори.

Фејсбук статус на кандидатот на СДСМ за Општина Кривогаштани, Николче Мискоски.