ДАЛИ СЛЕДНА ЗЕМЈА ЗА ШУТ КАРТА БИ БИЛА БУГАРИЈА, ХОЛАНДСКИОТ ПРЕМИЕР РУТЕ: ИЛИ УНГАРИЈА ДА ГИ ПОЧИТУВА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ИЛИ ДА ЈА НАПУШТИ ЕУ

0
1145

Пред самитот на ЕУ, имаше остри изјави од повеќе земји против контроверзниот анти-ЛГБТ закон што го усвои Унгарија. Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека Унгарија мора да го укине овој закон и да ги почитува основните човекови права утврдени во член 2 од договорите на ЕУ за кои не може да се преговара или тие мора да ја напуштат ЕУ.

Тој преферира да ја види Унгарија како се повлекува од контроверзниот закон и да ја задржи земјата во ЕУ. Ако тоа не се случи, за нив во ЕУ ќе нема место. Премиерот Руте тврдеше дека законот сериозно им противречи на вредностите за кои се залага Европа.

“Ако блокот не дејствува сега, ќе престане да биде унија на вредности и ќе стане само обичен трговски блок” – предупреди холандскиот премиер Руте.