Министерството за одбрана набави втор комплет од 7000 нови борбени униформи за припадниците на Армијата, а Баталјонот за специјални задачи добива нови 700 комплети на борбени униформи.
“Пред само неколку години, еден од најспоменуваните проблеми во Армијата беше недостигот на чизми и униформи за нејзините припадници. Покажавме дека со политичка волја и работа можат да се решат тие проблеми. Но не застанавме тука. Го решивме проблемот, но воспоставивме и систем на снабдување кој треба да гарантира дека таквите проблеми никогаш нема да се повторат. Затоа беше воведено правило на целосна покриеност на припадниците на Армијата со два комплета борбена униформа, и тоа правило целосно го реализиравме” – се вели во соопштението на Министерството за одбрана.