БИТКАТА СЕ СЕЛИ ПРЕД УСТАВНИОТ СУД НА АЛБАНИЈА: ВО СОБРАНИЕТО Е РАЗРЕШЕН ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИЛИР МЕТА

0
741

Со 104 гласа “за”, 7 против и 3 воздржани, албанскиот парламент го разреши шефот на државата, Илир Мета што е прв случај во тридеценискот плурализам во Албанија.

Присуствуваа 114 пратеници и сите го остварија правото на глас. Претходно пратениците со еднаков број гласови го изгласаа извештајот на анкетната комисија за прекршувањата на уставните надлежности од страна на претседателот Мета. Гласањето беше тајно и по двете прашања, а соопштувањето на резултатите беше поздравено од пратениците со аплаузи.

Парламентот има 140 пратеници, но по откажувањето од пратеничките мандати на опозициските партии Демократска партија и Движењето за социјалистичка интеграција, пополнети се 122 пратенички места.

Во извештајот од стотина страници во кој се внесени транскрипти од сите јавни изјави на Мета, неговите објави на социјалните мрежи, пред и за време на изборната кампања, анкетната комисија дошла до заклучок дека претседателот сериозно прекршил 17 члена од Уставот.