МЕГА БОМБА за спрегата помеѓу РЕЖИМОТ и „Македонски Телеком“: Помошник министерот во МВР, надлежен за информатика и телекомуникации, Небојша Стајковиќ член на Одборот на директори во Телеком, претходно билдал искуство и во фамозната „Ексико“!

0
2564

telekom-zgrada-naslovna-690x360

Небојша Стајковиќ, од април годинава е поставен за неизвршен член на Одборот на директори на „Македонски Телеком“ АД-Скопје, откако претходно уште од 2009 година ја извршувал истата функција во „Т-мобиле“ Македонија АД Скопје. Во изминативе 9 години тој во исто време работи и како помошник министер во Министерството за внатрешни работи (МВР) надлежен за информатика и телекомуникации. Навидум, ништо спорно, освен фактот што Стајковиќ работи во министерството, кое, законски е надлежно да соработува со операторите, меѓу кои и „Македонски Телеком“ АД-Скопје. Телеком, како што е познато, во последно време е посебно актуелен поради аферата за наводен поткуп на политичари кои се поврзуваат со одолговлекувањето на либерализацијата на пазарот, пишува Инбокс 7 во најновата истражувачка сторија.

nebojsa s

 

 

 

 

 

Телеком е една од фирмите, кои Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, заедно со уште триесетина други ги истражуваше, барајќи одговори по Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер за тоа кој се седи во управните и надзорните одбори во државните претпријатија, како и оние во кои удел има и државата како што е случајот со македонскиот Телеком. Од сите 30 институции кои ги истражувавме, вкупно 18 ни дадоа целосни одговори, додека другите или имаа нецелосни одговори или воопшто не дадоа одговор. Информација за хонорарите не добивме само од Македонски Телеком, Електрани на Македонија и Македонски пошти, кои податоците за примањата на директорите ги чувааат како државна тајна или пак се повикуваат на одредби во Статутот. Додека, во некои претпријатија имаше и дуплирања на членови во управните и надзорните одбори.

Odgovor-Makedonski-Telekom-724x1024

Во Одговорот кој СКУП-Македонија го доби од “Македонски Телеком“ АД-Скопје со датум 26 јуни 2015 година, меѓу имињата на членовите во Одборот на директори стои името на Небојша Стајковиќ, помошник-министерот во МВР. Во долгата биографија на Стајковиќ стои дека уште во 2006 година е назначен на местото помошник-министер во Министерството за внатрешни работи надлежен за информатика и телекомуникации, поточно, началник на оддел за информатика и телекомуникации. На листата на фирми за кои претходно работел се наведува и името на фирмата „Ексико“, инаку позната во јавноста со нејзината поврзаност со повеќе македонски компании, меѓу кои и на бизнисменот Орце Камчев.

Целата сторија може да ја прочитате ОВДЕ