МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ, ЗАЕВ: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БАЈДЕН СО ДЕКРЕТ ЗА САНКЦИИ ИСПРАЌА ЈАСНА ПОРАКА ДО СИТЕ БЛОКАТОРИ И ДЕСТРУКТИВЦИ НА БАЛКАНОТ

0
1224

Премиерот Зоран Заев е среќен што САД како најголем стратешки партнер на  Македонија испрати порака кон еден куп негатори, мрчатори, поткопувачи, блокатори и дека ова е пресериозна работа за да може некој да си прави политикантство на нездрави основи. Премиерот додаде дека ова значи ветер во грб за сите што веруваат во демократијата, во слободите и во отклонувањето на девијантните појави во општеството.

“САД, најсовршената демократија, ја испраќа оваа чиста порака за нас и тоа е сериозна порака на охрабрување. Така што и покрај охрабрување и дополнителна мотивација дека сме на вистинскиот пат, тоа е патот по кој што целиот демократски свет очекува да се развива иднинатаи за нашата демократска земја, нашата Република” – потенцираше Заев.