Заев за српски Курир: Лага е дека ќе ги обвиниме србите за геноцид врз албанците!

0
2131

Идниот премиер на Р.Македонија Зоран Заев ги демантира објавите на одредени македонски медиуми дека со албанската партија ДУИ е постигнат договор за прогласување виновни на Србите за геноцид над албанскиот народ во Македонија во период од 1912-1956 година.

Злобна намера

  • Таа вест не е точна и сама по себе покажува злобна намера на булументата која ја финансира бившиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Добив потписи за формирање на влада и се надевам дека тоа ќе се заврши за десетина дена, а Груевски знае дека ја губи власта и се обидува да предизвика судири на браќа против браќа помеѓу народот во Македонија – изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервјуто за српски Курир.

 

  • Доста беше лажен патриотизам со кој се прикриваше народната пљачка, ние сакаме мир и просперитет на сите граѓани на Македонија, како и на сите наши соседи и братски народи – додаде Заев за српски Курир.

Како што Заев вели, тоа е “криминална банда која сака себеси да се спаси од одговорноста пред правосудниот систем во Македонија”.

– Во тој момент тие се спремни нас да не раскараат со сите соседи како што се држави како Србија.

Тој изјави дека во преговорите со албанските партии е споменат геноцид кој се случил во минатиот век од страна на различна војска над цивилите.

 

Потписи и мандат

 

  • Во понеделник ќе доставиме до претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов 67 потписи и се надеваме дека ќе добиеме мандат и дека што поскоро ќе пристапиме кон формирање на новата влада. Изјавата на европскиот комесар за проширување Јоханес Хан во која се бара да ми се даде мандатот за формирање влада од страна на претседателот на државата е единствената причина поради која се води ваква црна кампања против мене. Груевски знае дека не може да избегне од она што ќе се случи во Македонија. Режимот падна со пенкало и глас и затоа овај режим мора да сноси одговорност – порача Заев. Како што нагласи, за Србија ќе води пријателска политика и ќе ги негува релациите. Односите со Србија ќе бидат неколку пати подобрени. Груевски долго време беше на чело на државата а соработката со Србија е на најниско можно ниво, а нашите народи се поврзани – изјави Заев за српски Курир.