АЛБАНСКОТО СПЕЦИЈАЛНО ОБВИНИТЕЛСТВО ПРОДОЛЖУВА СО ЛОВОТ НА КОРУМПИРАНИ ВИСОКИ ФУНКЦИОНЕРИ: ПРИТВОРЕНИ СЕ 9 ЛИЦА И ОД МВР ПОРАДИ НАМЕСТЕНИ ТЕНДЕРИ ЗА ПОЛИЦИСКИ УНИФОРМИ

0
769

Албанското специјално обвинителство (СПАК) продолжува со ловот на корумпирани високи функционери и носители на функции. По акцијата во градот Љушна, каде беше уапсен и градоначалникот, денеска влезе и во Министерството за внатрешни работи.

Притворени се 9 актуелни и поранешни високи раководители за злоупотреба при спроведување на тендерот за набавка на нови униформи за полициските службеници. Извршен е претрес во службените простории, како во нивните домови. На 8 од нив веднаш им е одреден затворски притвор додека еден раководител се наоѓа во домашен притвор.

Меѓу уапсените во акцијата е и Едлира Наќелари, која пред 8 дена беше разрешена од функцијата директорка на секторот за набавки при МВР, како и Фатмир Демнери, еден од директорите во Високиот совет на обвинители.

Притворените ја злоупотребиле службената должност и при доделувањето на тендер во 2019 година за период од 4 години, вреден 2,8 милијарди лека (25 милиони евра).