ФЕДЕРАЦИЈАТА НА ФАРМЕРИ БАРА ДРЖАВЕН ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦАТА АКО И НАТАМУ НА ПАЗАРОТ СЕ НУДАТ НИСКИ ОТКУПНИ ЦЕНИ

0
805

Националната федерација на фармери на почетокот на жетвата бара минималната цена на пченицата од 13 денари/кг. Ако производната цена е повисока од откупната, да се постапи согласно Законот за земјоделство и рурален развој, односно да се спроведе интервентен откуп од државата по фер цена.

Според земјоделците, на ваков начин ќе се заштитат малите производители на пченица. Од вкупно 105 061 земјоделски стопанства, 104 853 се земјоделци кои произведуваат пченица на површина од 2-4 хектари, а само 208 се деловни субјекти.

Се бараат и зачестени контроли на откупните пунктови посебно во делот на издавање на кантарни белешки, склучување договори и почитување на берзанските откупни цени на пченицата.