ОЧЕКУВАМЕ НОВА ВЛАДА ВО БУГАРИЈА ПО ИЗБОРИТЕ ЗА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА НАШИТЕ ЕВРОИНТЕГРАЦИИ, ЗАЕВ: НЕ СЕ ОТКАЖУВАМЕ ОД НАШИТЕ НАМЕРИ ДА ГИ НАДМИНЕМЕ ПРЕЧКИТЕ СО БУГАРИЈА

0
857

“Очекуваме функционален парламент и политичка влада во Софија за добивање на зелено светло, односно одблокирање на Северна Македонија на нашиот пат кон Европската унија” – изјави премиерот Зоран Заев.

При неговата последна посета на Бугарија и билатералните разговори на 17-ти јуни биле дискутирани сите важни детали и затоа очекува до декември годинава да биде донесена одлуката за почеток на преговорите со ЕУ. Тој се надева дека изборите во Бугарија ќе бидат успешни и политичарите ќе креираат стабилна коалиција за нова бугарска Влада.

“Сакам да им посакам среќа и успех на Бугарите и на бугарската држава на изборите утре, затоа што важно е секоја држава, така и нашиот источен сосед да има стабилен Парламент и да има стабилна политичка влада. Не се откажуваме и продолжуваме се’ додека не го решиме ова отворено прашање” – рече премиерот Заев.