ВАСЕВ : НАЈАВИТЕ ЗА БЛОКАДА НА ЕКОЛОШКАТА ТАКСА ПОКАЖУВА ДЕКА НЕМА НИШТО НОВО ВО ВМРО-ДПМНЕ, БЛОКАДИ И ДЕСТРУКЦИИ Е СЕ ШТО НУДИ МИЦКОСКИ

0
1375

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

Почитувани граѓанки и граѓани, почитувани новинари,

Во ВМРО-ДПМНЕ под раководство на Христијан Мицкоски нема никаква нова понуда, нов концепт.

Наводните нови политики на ВМРО-ДПМНЕ се лажни и провидни, тоа е истата режимска матрица која 11 години државата ја држеше заробена и изолирана.

Христијан Мицоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да понудат ништо ново се додека се во тесна врска со луѓето од мрачното минато на државата. Мицкоски прво мора да се промени себе си, а тоа значи прво да раскрсти со Груевски. Но тоа го нема.

Тој сеуште застанува зад политиките на деструктивноста, лажните вести блокадите.

За време на преодната Влада ВМРО-ДПМНЕ блокираа поставување модуларни болници, денес се против изградба на нов Клинички центар.

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се противеа на зголемување на платите и пензиите.

Работат против 4.700 наставници да добијат трајно вработување.

Најавите дека ќе ја блокираат еколошката такса, покажува дека во оваа партија ништо не е сменето.

Блокади и деструкции, тоа е се што нуди ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски.

Токму затоа граѓаните ќе им испорачаат нов пораз на предстојните локални избори.