Универзитетот ФОН во соработка со Ремедика, здружението за деца со посебни потреби – “Дајте ни крилја”, Уни Банка и ВИВА организираше експертско предавање и трибина на тема: “Образование по мерка”.
На трибината говореше Примариус Доктор Мери Бошковска – детски психијатар (Ре Меедика). Во нејзиното излагање Доктор Бошковска потенцираше дека децата избираат без омаза и предрасуди, меѓутоа нивните права кои се гарантирани согласно уставот и законот како и актите кои предвидуваат инклузија не се почитуваат и не се остваруваат во целост.
Дополнително дефектологот Драган Даскаловски додаде дека работењето со деца со посебни потреби треба и мора да престане да биде табу тема во држава како Македонија. – “Дете е секое човечко суштество кое не наполнило 18 годишна возраст и тоа е носител на права и рамноправен субјект со возрасните, но возрасните се оние кои се обврзани во секој момент да им пружат поддршка на децата за да можат во целост да ги практикуваат своите права.” додаде Даскаловски.
Г-ѓа Ребека Јанковска-Ристевски од “Здружението Дајте ни крилја” зборуваше за нејзината лична битка со институциите како и предизвиците на секој родител кој се соочува со оваа социјална стигма. Според Јанковска-Ристевски детето кое е заостанато физички, ментално или социјално треба да ужива посебна постапка, воспитување и грижа која ја бараат неговите посебни услови, затоа што детето со развојни потешкотии е дете со посебни потреби, а детето со посебни потреби е дете.
Проф. д-р Александра Србиновска – Дончевски во името на ФОН Универзитет ги поздрави присутните и истакна дека основна позитивна промена која сакаме да ја оствариме како ФОН Универзитет во соработка со Ремедика и здружението Дајте ни крилја е активирање на децата и родителите, мобилизирање на стручните соработници во школите кон развивање свест, разбивање на предрасудите и стереотипите, подобра информираност на средината за проблемите на дискриминација како и изработка на взаемно почитување и толеранција.
Универзитетот ФОН како општествено одговорна институција, која во својот работен век има делегирано голем дел од своите ресурси кон помагање на сите категории на граѓани, има за цел, обврска и привилегија да ги стипендира оние кои општеството ги третира како помалку моќни или екслудирани. Затоа би сакала во име на Универзитетот да порачам дека сите родители чии деца припаѓаат во овие загрозени категории во време кога пропагираме инклузивност само на хартија, дека ние сме потготвени таа инклузивност да ја спорведеме во пракса и да ги стипендираме.
Благодарение на општествената одговорност и агендата на Уни Банка и ВИВА на присутните деца и нивните родители им беа поделени новогодишни пакетчиња.