МИЛОШОСКИ : ВАКВО ТЕНЗИЧНО ЧЕСТВУВАЊЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НЕМАЛО ВО ПОСЛЕДНИТЕ 75 ГОДИНИ, ТОА Е ПОСЛЕДИЦА НА БРЗОПЛЕТИОТ СКЛУЧЕН ДОГОВОР ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО ВО 2017

0
452

Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио Лидер зборуваше за чествувањето на Гоце Делчев каде потенцираше дека досега вакво тензично, полно со полиција и со понижување на достоинството на обичните граѓани кои не можеа слободно да му оддадат почит и да положат венец на Гоце Делчев досега не се случило во Македонија.

-Со жалење можам да констатирам дека вакво напнато, контраверзно полно со полиција, безбедносно ризично чествување, па со понижување на достоинството на обичните граѓани кои не можеа слободно да му оддадат почит и да положат венец на Гоце Делчев, досега не се случило во Македонија, во изминатите 75 години.

Парадоксот е толку силен што Гоце Делчев како апостол на движењето кое се бори за слободата на македонскиот народ имаше чествување кое што македонскиот народ не беше слободен да појде на гробот и да му оддаде должна почит, и затоа сметам дека ваква напнатост досега немало, истакна Милошоски.

Тој во текот на своето гостување укажа дека ваквото тензично чествување на роденденот на Гоце Делчев влијание на повеќе нивоа во државата.