ОДРЕДЕН ПРИТВОР НА ШЕСТ ЛИЦА ПОВРЗАНИ СО ЛАЖНИТЕ ПАСОШИ ЗА БАЛКАНСКИ КРИМИНАЛЦИ

0
841

Судија на претходна постапка од Кривичниот суд Скопје го прифати предлогот на скопското јавно обвинителство и им одреди мерка притвор на шестмина осомничени за издавање на лажни патни исправи во случајот Двојник.

На тројца од осомничените им се изречени мерки на претпазливост, а еден осомничен одредена му е мерка притвор но тој е во бегство и се уште не е достапен за органите на прогонот.

Еден од осомничените е веќе во притвор за друго кривично дело, за издавање лажни возачки дозволи.