СПАСОВСКИ : БИГОРСКИ МАНАСТИР СО ИСТОРИЈАТА ОД НАД ЕДЕН МИЛЕНИУМ, СО СЕТО СВОЕ ЗНАЧЕЊЕ, КУЛТУРНО И ДУХОВНО Е МАКЕДОНСКО СВЕТИЛИШТЕ

0
392
Попладнево го посетив Бигорскиот манастир, заедно со генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, потпретседателот Стефан Богоев, градоначалникот на општина Маврово Ростуше, Медат Куртовски и претседателот на општинската организација Самир Ајдини.
Бигорски манастир со историјата од над еден милениум, со сето свое значење, културно и духовно е македонско светилиште кое е дел од нашето најголемо национално богатство и секоја посета е преплетена со длабока почит и восхит. Монасите до манастирот даваат свој придонес во социјалната и хуманата дејност во соверемената македонска држава.

Обединувањето околу вистинските вредности е нужно за да го заштитиме нашето достоинство, нашата самобитност, нашиот идентитет.