Протест против загадувањето пред општина Тетово

0
934

Група професори, средношколци и основци од повеќе тетовски училишта утрово протестираа пред објектот на општината, барајќи итни мерки против загадувањето.

Претходно, дел од родителите поради екстремно загадениот воздух не ги пуштиле свои деца на училиште, а најавуваат дека и натаму ќе ја бојкотираат наставата.
Активисти од невладината „Лоја“ пак, на граѓаните вчера симболично им нуделе тегли со чист воздух.
Досега од општината единствена мерка е забрана за товарните возила низ централното градско подрачје, а булеварите се прскаат со калциум ацетат.
И покрај овие мерки, загаденоста во Тетово е константно многу висока, што потврдуваат и податоците од министерството за животна средина. Освен Тетово, многу високо ниво на загаденост е регистрирано во Центар, Карпош, Лисиче, Гази Баба и Кичево.