Заев: Бројчаник наскоро ќе заврти на 18 милиони евра

0
665

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција пред Собранието, претставувајќи ги 19-те министри пред да го поднесе предлогот за гласање на нова влада, рече дека во моментов се запленети 11 милиони евра од перење пари преку дијализните центри во Македонија.

Според него, од правосилните судски пресуди, а не од извршната власт зависи колку ќе заврти бројчаникот на Триумфалната капија.

-Бројчаникот е поставен, го платив приватно. Тој зависи од правосилни судски пресуди и заплена на имот. Овој бројчаник овој треба да заврти 18 милиони евра од заплената на имотот на „Трансмет“, кој е завршена постапка. Се завршуваат правните процедури за да инкасира буџетот на
државата со продажба на самиот имот. Еден милион евра од Финансовата полиција се веќе завртени. Со сите пресуди, каде ќе се утврди одговорност, се носат и пресудите за материјалното плаќање за обештетување на државата. Бројчаниот зависи од судските пресуди, не од
извршната власт. Од извршната власт, значи, оставање на процесот на правосудството на независен начин да ги утврдува сите овие постапки, со конечните права на жалба на секој граѓанин кои ги има со Устав. Знаете дека имаме постапка на заплена на пари од дијализите, кои се 3
милиони евра запленети во наши банки, 8 милиони евра во италијански банки, не знам каде се. Ако Обвинителството докаже дека е тоа така, преку судски постапки и тие ќе завршат 11 милиони евра на бројчаникот, рече Заев.

Прашан дали останува на ставот дека секој кој згрешил пред законот дури и Сашо Мијалков и Никола Тодоров треба да одговара, Заев рече дека отстапки ќе нема во борбата против криминалот и корупцијата.

– Ако си дозволиме било кој за кого постојат основани сомненија, докази и аргументи, да ја избегне правадата, тогаш сме ја уништиле државата. Еден од главните постулати е борбата против криминалот и коурпцијата, владеењето на правото