16 ЗАГИНАТИ, 9 ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАР ВО ДУБАИ, КОБНА БИЛА ИЗОЛАЦИЈАТА

0
453

Зградата Ал-Рас е лоцирана во еден од старите квартови на градот, каде живеат голем број странски работници, но не е соопштена националноста на жртвите.
Во пожар што избувна во зградата Ал-Рас во Дубаи загинаа 16 луѓе, а девет се повредени, јави Ал Џезира.Зградата Ал-Рас е лоцирана во еден од старите квартови на градот, каде живеат голем број странски работници, но не е соопштена националноста на жртвите.

Пожарот избил на четвртиот кат на зградата со повеќе од 20 ката. Се претпоставува дека пожарот избил поради непочитување на безбедносните правила. Во 2017 година, властите на Обединети Арапски Емирати најавија воведување построги градежни прописи за да се минимизира ризикот од пожари поради запалливи материјали, што се користат за надворешно обложување.Дубаи е еден од седумте градови ОАЕ со население од околу 3,3 милиони луѓе, а речиси 90 проценти од жителите се странци.