ЧЕСТИТКА НА ЗЕЧЕВИЌ : ЗНАЧЕЊЕТО НА ВЕЛИГДЕН ИСПРАЌА СИЛНА ПОРАКА, ДА ПРАВИМЕ ДОБРИ ДЕЛА И ДА РАБОТИМЕ ЗА СВЕТЛА ИДНИНА НА ЦЕЛИОТ НАШ НАРОД

0
481

Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ Вардарски, по повод големиот христијански празник Велигден, упати честитка до сите православни христијани, како и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и светиот Архиерејски Синод.
„За многу години Велигден!

На сите православни христијани им го честитам големиот празник, посакувам да го минат во добро здравје, спокој и мир, заедно со своите најблиски.
Значењето на Велигден е силна порака дека животот ја победува смртта со добри дела, човечност, љубов и цврста верба. Стремежот за подобро утре, праведен и правичен свет е толку силен што поттикнува и сопствена жртва за општо добро.

Како што значењето на Велгиден буди надеж во новите почетоци, со меѓусебно почитување, да подаваме рака, да правиме добри дела и да работиме за подобро утре, за светла иднина на целиот наш народ.Христос Воскресна, навистина воскресна!“ стои во честитката на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски.