Унитети: ДУИ и ВМРО ДПМНЕ немаат спремност за решавање на политичката криза

0
972

Партиите на власт ДУИ и ВМРО ДПМНЕ на крајот докажаа дека криењето на злоупотребата на власта од нивна страна е поважно од перспективата на нашата земја, владеењето на правото, демократијата и слободата на говорот. Сега на секој граѓанин му е јасно дека за нашата власт уставот, законите како и кредибилитетот на Македонија во меѓународната политика немаат никаква вредност.

УНИТЕТИ оценува дека нашите корумпирина властодржзци од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ немаат спремност за решавање на политичката криза и дека единствен начин за нивно казнување од страна на меѓународниот фактор и спасување на земјата од политичко тонење (и не само политичко), е блокирање на нивното богатство во земјата и надвор од неа како и нивна изолација од страна на целата меѓународна заедница.

УНИТЕТИ апелира до меѓународниот фактор кој е гарант на договорот од „Пржино„ да не дозволи неуспех на истиот и да превземе се што е во нивна можност, бидејќи во спротивно Македонија ризикува продлабочување не само на политичката криза туку и можна дестабилизација на земјата.