ЧЕСТИТКА ОД МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – ВЕЛИГДЕН

0
280

Почитувани православни христијани,Дозволете во мое и во име на МВР да ви го честитам најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден!Денеска е ден на радоста, Пасха Господова, ден во кој „од смртта кон живот, и од земјата кон небото, Христос Бог нè преведе!“.Овој ден ја испраќа пораката на мирот, на љубовта, на простувањето. Бидејќи Христос од Крстот им прости на сите што злодела направија и создаде нов свет.

Да се биде христијанин значи да се биде воден од љубовта. Со Божјо милосрдие да ја замениме сопствената немоќ со Христовата сила.А, токму таа сила се гледа во Воскресението Христово – како порака на неисцрпна љубов. Оти, Христос е Љубов.
Нека и овој пат Христовиот триумф – љубовта – биде неизбришливо втисната во нашите срца.
Од сето свое срце, посакувам мир, здравје, хармонија во секој дом. Нека Божјата благодат и радоста што создава нов свет не’ следат на секој чекор.
Христос Воскресна!