ЛЕГЕНДАРНАТА ЛАРА КРОФТ ПРИСТИГНУВА ВО ИГРАТА CALL OF DUTY

0
362

Франшизата „Call of Duty“ станува сѐ побогата со уште еден нов лик од кој играчите можат да избираат, а тоа е ѕвездата од „Tomb Raider“, Лара Крофт.

Лара ќе се појави во „Call of Duty: Warzone“ и „Call of Duty: Modern Warfare II“, придружувајќи им се на другите ликови од реалниот свет како Ники Минаж, Снуп Дог, Кевин Дурант, ликови од Prime Video шоуто „The Boys“ и други.

Издавачот Activision не откри детали за тоа како играчите ќе можат да ја добијат Лара, но најверојатно станува збор за купување на некој вид пакет за пристап до новиот лик. На пример, Минаж беше достапна како дел од сезонскиот борбен пакет кој чинеше 10 долари. Исто така, се очекува да се продаваат предмети, кожи и оружје поврзани со Лара Крофт, но нејзините познати пиштоли треба да бидат дел од првото купување.

Исто така, издавачот не прецизираше кога Лара ќе биде достапна за бирање во игрицата, а познато е дека доаѓа надградба за сезоната 4, па може да биде добра можност да се претстави овој нов лик.

Да кажеме и дека игрицата „Call of Duty: Modern Warfare III“ пристигнува на конзолите во ноември, додека последната игрица за Лара Крофт беше „Shadow of the Tomb Raider“ од 2018 година. Во декември, развивачот Crystal Dynamics го најави доаѓањето на новата игрица, која ќе биде „авантура за еден играч водена од приказна“. Се развива на Unreal Engine 5, а Amazon подготвува и ТВ серија „Tomb Raider“.