Во Брисел и Берлин не стивнуваат критиките кон Франција: Нова офанзива против ветото на Макрон за Скопје и Тирана

0
928

Траеше точно два дена додека шокантниот бран од Брисел ги предизвика првите последици во далечното Скопје: во македонскиот главен град прозападниот премиер Зоран Заев викендов најави предвремени избори. Затоа што француското „Не“ за почеток на преговорите му ја одзема основата на неговата политика: внатрешнополитичките реформи, помирувањето со Грција и многу оспоруваната промена на името на државата Заев ги спроведуваше со навестување од ЕУ дека ќе бидат отстранети пречките.

Но потоа, во прв ред, францускиот претседател Емануел Макрон по третпат го блокираше почетокот на преговорите поддржуван од Европската комисија, канцеларката Ангела Меркел и други ЕУ членки.

Оттогаш се множат мрачните предупредувања на дипломатите и експертите дека Макрон од внатрешнополитички причини помага во дестабилизација на Западниот Балкан, и тоа во период кога експертите предупредуваат од опасноста од зголемено влијание на Кина, Русија и Турција во регионот.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и видливо налутениот италијански премиер Ѓузепе Конте веќе говореа за „историска грешка“.

Тоа има две последици- првата за односот меѓу францускиот претседател и неговите ЕУ партнери. И втората за погодениот регион во кој и Србија и Црна Гора, БиХ, како и Косово се надеваат на ЕУ перспектива.

Надпартиски бес кон Макрон