Во српскиот парламент упадна Срѓан Ного од Двери, екс министерот Вук Јеремиќ избркан од толпата

0
1024

Протестите пред српското собрание по повод најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ за враќање на рестриктивните мерки против корона вирусот се спонтани без формален организатор, но меѓу присутните има и луѓе од политичкиот и јавниот живот.

Еден од нив, кој патем успеа на кратко да го пробие полицискиот кордон и да влезе во парламентот, е Срѓан Ного, поранешен член на екстремната антизападно ориентирана партија Двери, додека не беше исклучен поради недисциплина.

Исто така, српските медиуми јавуваат дека на протестите се придружуваат политичари од српската опозиција, при што пристигнал и поранешниот шеф на српската дипломатијата, но тој брзо бил избркан од дел од демонстрантите.

Тоа предизвика реакција кај дел од присутните дека вештачки се создава раздор во протестното движење, наместо да се обединат силите.

Инаку, некои демонстранти ги повикуваат граѓаните да го омасоват протестот, додека при судирите со полицијата и довикуваа „Кого браните“, „Извадите ги шлемовите“…