ЏЕЛАТОТ КОЈ ГИ НАПОЛНИ МАКЕДОНСКИТЕ ЗАТВОРИ ПО НАРЕДБА НА РЕЖИМОТ СЕ ДАДЕ ВО БЕГСТВО КОГА НЕМУ МУ ДОЈДЕ РЕДОТ ДА ОДИ ВО ЌОРКА

0
1086

Министерството за внатрешни работи испрати известување до СВР Велес дека треба да го известат Основниот суд Велес за распишување на потерница по поранешниот претседател на Основниот кривичен суд, Владимир Панчевски, потврдија од МВР за МКД.мк.

Од таму велат дека постапувајќи по судска наредба на 10 јули, 2020 година не го пронајде на наведената адреса која е напишана во наредбата, по што е испратено известување за распишување на потерница за Панчевски.

Основниот суд Велес, на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој е обвинет.

Судењето за овој предмет за злоупотреба на „АКМИС“ системот требаше да почне наесен, но досега овој судски процес не е започнат.

Полицијата не го најде Панчевски на адресата која беше напишана во наредбата, па поради тоа испратено е известување до судот во Велес од каде треба да биде распишана потерница по Панчевски