ВЕНКО ФИЛИПЧЕ СО ЛОШИ ВЕСТИ : СЕДУМ НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ВКУПНО 42 ОД КОИ 27 СЕ ОД ДЕБАР А 15 ОД СКОПЈЕ

0
956

Од новите 38 тестирани, 7 пациенти се позитивни на корона вирус, соопшти вечерва министерот Венко Филипче. Со тоа бројката на новозаболени денеска достигна 11.

-Во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, попладнево се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје.
Во текот на денешниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата, состојба до 21:00 часот, изнесува 42. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија.
Во моментов, се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот. За резултатите од овие тестови ќе информираме во текот на утрешниот ден, соопшти Филипче.