ПО ПОВЕЌЕМЕСЕЧНО СЛЕДЕЊЕ, ПОЛИЦИЈАТА РАЗОТКРИ НАРКО ГРУПА ОД СКОПЈЕ ПО ПРЕТРЕСИ НА 20 ЛОКАЦИИ: УАПСЕНИ СЕ 12 ЧЛЕНА, МЕЃУ НИВ Е И ПОЛИЦАЕЦ А 3 ЛИЦА СЕ ВО БЕГСТВО

0
858

По повеќемесечно криминалистичко истражување, полицијата од Одделот за организиран криминал уапси повеќечлена организирана криминална група која продавала дрога. Целата група ќе оди во притвор.

Според прибраните и документирани докази во текот на истрагата, утврдено било дека групата била формирана за да се стекне со брз и нелегален капитал, имала строго утврдена хиерархија и структура и се занимавала со продажба на дрога и оружје.

“Членовите на групата подолг временски период извршуваат кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик. Во текот на денешната акција постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 20 локации во Скопје и притоа се одземени материјални докази што ќе бидат испратени на вештачење. Од слобода се лишени 12 лица од 19 до 47 години меѓу кои и една жена и еден полициски службеник, а се трага по 3 лица кои во моментов се недостапни за органите на прогонот” – соопшти Обвинителството.