ВАКВА ОДЛУКА НА СКОПСКА АПЕЛАЦИЈА Е ИЗРАЗ НА ВИСОКА КОРУПЦИЈА ВО КРИВОСУДСТВОТО: ПОНИШТЕНИ СЕ ЗАТВОРСКИТЕ КАЗНИ ЗА ИЗБОРНИ ИЗМАМИ ВО ЧАИР НА ДВАЈЦА ВИСОКИ ФУНКЦИОНЕРИ НА ДУИ И ПРЕДМЕТОТ “ТИТАНИК 3” Е ВРАТЕН НА ПОЧЕТОК

0
938

Апелациониот суд Скопје донесе катастрофална одлука да ги укине првостепените затворски пресуди за Ејуп Алими и Исмет Гури во случајот “Титаник 3” за изборни нерегуларности кој што беше поднесен од поранешното СЈО. Казните од по 3,5 години затвор од Основниот кривичен суд Скопје повеќе нема да важат ново судење од почеток.

“Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-743/20, во јавноста познат како “Титаник 3″ , по одржана нејавна седница на ден 12.07.2021 година, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите И.Г. од С. и Е.А. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување” – соопшти Апелациониот суд-Скопје.

На 31 март лани, поранешниот координатор на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими беше неправосилно осуден на 3,5 години затвор за уништување на изборен материјал на локалните избори во 2013 година во Чаир. Иста казна доби и Исмет Гури, тогашен секретар на Општинската изборна комисија Чаир а сега вработен во УЈП.