КУМАНОВЦИ КРАДЕЛЕ РЕЗЕРВОАРИ ОД МАВРОВИ АНОВИ

0
331
created by dji camera

МВР информира дека вчера вечер околу 21.00 часот во Маврови Анови, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Д.С.(52) и С.М.(55), двајцата од Куманово.

Тие биле затекнати како од две возила оставени на паркинг, сопственост на јавно претпријатие во кое работеле, со црева одземале гориво од резервоарите.

Кај нив биле пронајдени и одземени седум пластични канти со гориво и две црева.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат поднесени пријави.