БРАВО: ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА НОВИОТ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ШТИП – КРУПИШТЕ

0
1393

Јавното претпријатие за државни патишта ја известува јавноста дека делницата Штип – Крупиште која е дел од експресниот пат во изградба А3 Штип – Кочани, е во функција, односно може да се користи за сообраќај.

Посакувајќи им пријатно и удобно возење на учесниците во сообраќајот на експресниот пат на делницата Штип (клучка Три Чешми)-Крупиште, сакаме да им посочиме патниот правец да го користат согласно со одобрениот времен режим и да се почитува поставената патна сообраќајна сигнализација.

Обезбедуваме модерна, сигурна и безбедна врска со Источниот регион!