ЏАБИР ДЕРАЛА СЕ ШЕГУВА НА СМЕТКА НА ТРАЈКО СЛАВЕВСКИ: Трчал во хотел Хилтон и сите ги убедувал дека Заев е диктатор!

0
1551

Ви пренесуваме дел од колумната на Џабир Дерала за Цивил Медиа:

Екс-министерот, според некои злобни озборувања, одел од учесник до учесник и, ако му се видело важно името и звањето на беџовите на учесниците, им приоѓал и ги убедувал дека домаќин на настанот е лице осудувано во времето кога неговата партија била на власт и дека е диктатор. Кога наишол на потсмев, тој го употребил „најжестокиот аргумент“ а тоа е дека оваа влада ја покачува минималната плата и сака да им враќа ДДВ на обичните луѓе! Ги убедувал дека тоа ќе биде погубно за економијата на земјата, дека тоа е расфрлање со парите на државата и дека, еднаш собраните пари од граѓаните, никако не смее да се враќаат. Тука, за момент, предизвикувал внимание, но веднаш потоа продолжувале да му се смеат. Тогаш, тој се пикнал во еден од тоалетите и му испратил шифрирана порака на претседателот на партијата.

Експертите за дешифрирање откриваат дека екс-министерот во пораката изразил сомнеж дека во вентилацијата на хотелот бил пуштен алуминиум и дека сите биле како хипнотизирани од премиерот. Во пораката побарал и насоки за понатамошно дејствување. Претседателот на партијата му одговорил дека чека насоки од препочесниот во Будимпешта.

Според извори од разузнавачките кругови, кои ја пресретнале и комуникацијата од Будимпешта, насоката била сите да се повлечат од позициите, за да не ги фати дејството од алуминиумот, па така да остане сам, таму в туѓина. Инаку, планот бил да им се истури по една чаша кисела вода во скутовите на гостите што седеле со премиерот во првиот ред.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк ОВДЕ